Во Црна Гора 463 нови случаи на коронавирус

пред 4 години

Во последните 24 часа во Црна Гора се тестирани 1.665 лица, од кои 463 се позитивни на коронавирус, а пријавени се и седум смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 е 790.

Вкупниот број на моментно активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 7.619.

Од почетокот на епидемијата вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Црна Гора е 60.288.

Share
Scroll to Top