Во Шведска стапи на сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

пред 5 месеци

Во Шведска стапува на сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре наглиот пораст на коронавирусните инфекции.

По протестот, беше дозволен исклучок за погреби, каде можат да се соберат најмногу 20 луѓе.

Претходната граница за јавни собири, како што се протести, претстави, концерти беше 50 лица.

Иако ограничувањето не се однесува на приватни собири, владини претставници, вклучително и премиерот Стефан Лофвен, ја истакнаа потребата од воздржување од приватни забави, посети на спортски сали, библиотеки, трговски центри и, каде што е можно, да се избегне јавен превоз.

„ Малиот отвор што го имавме во текот на летото и есента заврши. Премногу луѓе ги игнорираат советите и препораките“ рече премиерот Лофвен, обраќајќи се до нацијата, што ретко се случува.

Тој додаде дека постојат некои знаци на промена откако патничкиот сообраќај се намали и повеќе луѓе останаа да работат од дома.

Земјата со 10,3 милиони жители регистрираше околу 208.300 заразени и повеќе од 6.400 смртни случаи поврзани со коронавирус.

ТЕКСТ ПРОДОЛУВА ПОД АД

Share

4Anime watch anime online: Death Note Episode 37

ANIMEFLIX animeflix ios: Watch One Piece (Dub) Episode 677 (https://animeflix.nl/m/Dvp/ep-677)

Scroll to Top