Вучиќ: Во недела поднесувам оставка

Вучиќ: Во недела поднесувам оставка

пред 2 часа

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно најави дека во недела, на 27 септември, ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија, по што ќе се вклучи во кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври.

„Во недела, на 27-ми, поднесувам оставка“, изјави Вучиќ утрово за „Радио Белград“.

Тој најави дека, доколку листата што ја предводи ја добие довербата на граѓаните, ќе следуваат големи кадровски промени. Според него, новата влада би имала најмногу 12 министри, а најмалку половина од градоначалниците и претседателите на општините поврзани со неговата политичка опција би биле сменети во рок од три месеци по формирањето на владата.

Доколку формално поднесе оставка на 27 септември, Србија ќе треба да одржи и предвремени претседателски избори. Според законските рокови, тие треба да се одржат во рок од три месеци од престанувањето на неговиот мандат.

Текстот Вучиќ: Во недела поднесувам оставка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top