Вучиќ, Заев и Рама утре ќе разговараат за „мини Шенген“

пред 1 година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре преку видео конференција ќе разговара со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „мини Шенген“.

Вучиќ, средбата ја најави уште минатата недела, а денеска стигна потврда од неговиот кабинет.

„Во рамките на нашата регионална иницијатива, која многумина ја нарекуваат „мини Шенген“, продолжуваме да ги подобруваме нашите односи. Веруваме дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи на територијата на нашите земји. Верувам дека заедно ќе овозможиме проток на добра, капитал, луѓе и услуги“, рече тогаш Вучиќ.

Тој посебно го издвои таканаречениот систем на работни дозволи, за којшто утре ќе стане збор.

„Според овој систем оној што ќе добие дозвола на територијата на една од овие три земји ќе има работна дозвола за секоја од земјите, што е од голема важност“, истакна Вучиќ.

Share

sunwin

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk tải sunwin apk

tải sunwin

Scroll to Top