Со германскиот канцелар, Олаф Шолц, разменив мислења за сите важни и не лесни теми. Германија е најголемиот трговски партнер на Србија, годинава има пораст од 25,7 отсто во трговската размена, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, по разговорот со Шолц кој е во посета на Белград.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Вучиќ нагласи дека Шолц на дециден и остар начин побарал Србија да се приклучи кон санкциите за Русија.
„Канцеларот Шолц на многу дециден начин побара од Србија да се приклучи кон санкциите против Руската Федерација, да ги поддржи рестриктивните мерки на ЕУ, јас зборував за нашата позиција и спецификите на ситуацијата околу Косово и Метохија, енергиката и традиционалните односи со Русија“, изјави српскиот претседател.
Тој воедно посочи дека српските власти ќе дадат сè од себе за да постигнат напредок во рамките на дијалогот со Приштина под покровителство на Брисел.
Германскиот канцелар денеска е во прва официјална посета на Србија, која е дел од неговата дводневна турнеја на Западен Балкан, во рамките на која утре ќе ја посети и Македонија.