Германија: Можна е задолжителна вакцинација за вработените во домовите за стари лица

пред 4 години

Германската влада размислува да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за вработените во домовите за стари лица, со цел да се намали ризикот од ширење на инфекцијата, објави премиерот на Баварија, Маркус Зедер.

„Јас сум против воведување задолжителна вакцинација за сите. Но, ние размислуваме да ја зголемиме заштитата на особено ранливите категории на населението, како што се вработените и жителите на домовите за стари лица, рече Зедер во интервју за ЗДФ.

Share
Scroll to Top