Германија не го укинува карантинот за заразените со корона

пред 3 години

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека нема да има укинување на карантинот за лицата заразени со корона вирусот, најавен за 1 мај.

На почетокот на неделава Лаутербах објави дека карантинот за заразените од Ковид-19 ќе биде укинат од 1 мај и дека изолацијата ќе биде само на доброволна основа, но рече дека одлучил да се откаже од карантинот.

– Ќе има само скратен карантин од пет дена – нагласи тој за јавниот сервис ЗДФ.

Лаутербах вели дека сметал дека укинувањето на карантинот може да биде корисно за здравствените установи, но сигналот дека заболениот треба да се одлучи за изолација бил негативен, па решил да ја повлече предвидената мерка.

Според него, најавата за укинување на карантинот била сфатена како короната да не е опасна, што не е корисно.

– Затоа остануваме на фактот дека некој што е заразен добива дополнителна наредба од здравствените власти за изолација. А ако некој е само лице за контакт на заразениот, тогаш тој одлучува за карантин – нагласи тој.

Share
Scroll to Top