Русија се закани на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате ќе ги третираме како цели

пред 2 години

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина.

„Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Нема консултации во Украина, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели. “ изјави Рјабков, цитиран од Интерфакс.

„Предупредивме на последиците од непромисленото пренесување на оружје во Украина, како што се преносливите системи за противвоздушна одбрана, противтенковски ракетни системи и така натаму“, додаде тој.

Share
Scroll to Top