Германка казнета со 10.800 евра за кршење на карантин

пред 4 години

Судот во Инсбрук и изрече казна од 10.800 евра на 54-годишна Германка за кршење карантин и намерно загрозување на други.

Во април минатата година жената била позитивно тестирана на коронавирус, и добила карантин од властите.

Но и покрај наредбата на здравствените власти, таа продолжила да ја излегува од дома и да пазарува.

Таа пред судот рече дека сумата за која купила намирници била премала за да може да нарачува преку интернет.

За да го фрли ѓубрето користела лифт, со што според судот ги загрозила останатите станари.

Овој случај на игнорирање на наредбата за карантин го шокираше државното обвинителство.

„Не ја интересираше дали ќе зарази други луѓе. Беше толку арогантна што полицијата дури мораше да ја уапси“, рече обвинителот Клеменс Гатрингер.

Поради тоа тој побара најстрога казна, а судот одлучи да ја казни со парична казна од 10.800 евра.

Share
Scroll to Top