Германскиот министер за здравство: Вакцината против Ковид-19 нема да биде задолжителна

пред 3 месеци

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, се обиде да ги минимизира стравувањата за задолжителни вакцинации против коронавирусот, велејќи дека тешко дека ќе бидат потребни задолжителни вакцини за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува РТ.

Шпан истакна дека германските власти се фокусирани кон целокупниот имунитет на 50 до 65 отсто од населението, што би било доволно за ефикасно да се потисне вирусот. Целта најверојатно ќе биде остварлива преку доброволни вакцинации, тврди тој.

Тој направи споредби со сипаниците, кои се многу позаразни од коронавирусот, и побара да се вакцинираат 95 отсто од популацијата за да се запре ширењето.

Министерот додаде дека нема причина луѓето да не можат да се придржуваат до едноставни хигиенски практики како миење на рацете, додавајќи дека носењето маски во постудените зимски месеци, во кои се очекува да се зголемат инфекциите, е разумно.

Шпан рече дека масовната вакцинација против Ковид-19 веројатно ќе започне во Германија во првиот квартал на 2021 година. Тој објави дека околу 1,1 милиони луѓе биле тестирани секоја недела во Германија, од кои 1,6 отсто биле позитивни.

Околу 5.132 случаи на коронавирус беа пријавени од германските здравствени власти во вторникот, што е најголема бројка од април. Сепак, капацитетот за тестирање во меѓувреме значително се зголеми, што може да ја објасни и ваквата бројка.

Имајќи го предвид ова, Шпан навести можно воведување построги ограничувања на забавите, прославите и настаните, како и проширување на барањата за маски. Германските власти размислуваат да воведат унифицирани упатства за коронавирусот низ сите германски покраини, кои во моментов имаат различни ограничувања, во зависност од стапката на зараза и густината на населението.

Шпан ја истакна потребата од почитување на упатствата за коронавирус, за кои рече дека се прифатени со минимален отпор. Тој тврди дека екстремниот надзор е непотребен и дека случајните проверки најверојатно ќе го постигнат предвидениот резултат за ограничување на ширењето на заразата.

Коментарите на министерот доаѓаат во време на зголемена загриженост за безбедноста на вакцините, откако беа прекинати голем број тестирања од висок профил, поради разболување на учесниците или несакани ефекти од вакцината.

Коментарите на Шпан, најверојатно, ќе ги намалат стравувањата од задолжителни програми за вакцинација во една од најмоќните земји во ЕУ.

Можноста за задолжителни вакцини за Ковид-19 ги разгоре мислењата низ целиот свет. Околу 39 отсто од анкетираните Канаѓани сметаат дека вакцината за коронавирус треба да биде задолжителна, а министрите во владата на Велика Британија се поделени.

Велшкиот министер за здравство и социјални услуги, Вон Гетинг, рече дека нема да ги исклучи задолжителните вакцини за велшките граѓани. Неговите коментари беа нападнати од Сузи Дејвис, која рече дека тоа е орвелијанска изјава, додека лидерот на партијата Брегзит, Марк Реклес, рекол дека дури и самиот предлог е неприфатлив.

Share

My Hero Academia 3 (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/Yn9v) Episode 25 at Crunchyroll crunchyroll free trial code

Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode Preview at website https://gogoanime.be. See more tokyo ghoul gogoanime

Scroll to Top