Италија ја продолжи вонредната состојба, маските стануваат задолжителни и на отворено

пред 4 години

Италија наложи задолжително носење маски низ целата држава и на отворено, соопшти Министерството за здравство откако владата ја одобри мерката.

Италија повторно забележува пораст на бројот на новозаразени во последните два месеци, откако во првиот бран од март до мај годинава, беше најголемо жариште во Европа на заразени со коронавирус.

Одредбата за задолжително носење маски на отворено веројатно ќе стапи на сила в четврток, откри владин извор.

Заштитните маски на отворено веќе се задолжителни во некои региони на Италија, како на пример во Сицилија, Кампанија и Лацио. Правилото не се однесува на деца до шест години, граѓани со посебни потреби, гости на кафулиња и ресторани на отворено и оние кои вежбаат или спортуваат.

„Маските се клучна алатка во борбата против ширењето на Ковид-19, особено кога ќе сретнете луѓе кои не се ваши цимери“, рече во парламентот во вторникот италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца, кога ја објави одредбата.

Владата истотака донесе одлука за продолжување на вонредната состојба до 31 јануари.

Италија има најголем број смртни случаи од коронавирус меѓу земјите од континентална Европа – 36.000. Денешниот број на новозаразени е помал во споредба со другите европски земји како што се Франција, Шпанија и Велика Британија.

 

Share
Scroll to Top