Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах очекува дека голем бран на омикрон ќе ја „поплави“ земјата токму на почетокот на новата година.
– Сè уште немаме голем, брз бран. Но, тоа ќе се промени на почетокот на годината, во првата недела од јануари – проценува Лаутербах во интервју за телевизијата WDR.
Поради ширење на сојот омикрон, ќе биде неопходно граѓаните во Германија да ја примат четвртата доза од вакцината, оцени тој за ЗДФ.
– Ќе ни треба четврта вакцинација. Тоа е веќе на повидок – нагласи тој.