Откако САД најавија повлекување на 5.000 американски војници од Германија, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, ги повика европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.
Писториус изјави дека присуството на американските сили во Европа е „и во наш интерес и во интерес на Соединетите Држави“, но додаде дека било предвидливо Вашингтон да повлече дел од трупите од Европа, вклучително и од Германија.
Пентагон соопшти дека повлекувањето на војниците треба да биде завршено во следните шест до дванаесет месеци.
Германскиот министер истакна и дека земјата е „на добар пат“ во зајакнувањето на сопствените одбранбени капацитети, посочувајќи на проширување на Бундесверот, побрза набавка на опрема и изградба на нова инфраструктура.
Текстот Германскиот министер по најавата за повлекување на американски трупи: Тоа беше очекувано е превземен од МАКФАКС.




