Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

пред 4 часа

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за финансии, Ларс Клингбаил.

Зборувајќи во Вашингтон на маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд, Клингбаил нагласи дека конфликтот веќе негативно влијае на германската економија, објави „Ројтерс“.

Запрашан за официјалните владини прогнози што ќе бидат презентирани следната недела, министерот рече дека тие сè уште се подготвуваат и дека не може да коментира за нив.

„Сепак, она што веќе го гледаме е дека оваа војна ни штети и нам во Германија во однос на економскиот раст“, ​​нагласи тој.

Во меѓувреме, Меѓународниот монетарен фонд вчера веќе ги намали своите прогнози за раст за Германија за оваа и следната година. Според новите проценки, се очекува растот да биде 0,8 проценти во 2026 година и 1,2 проценти во 2027 година, што е намалување од 0,3 процентни поени за двете години во споредба со претходната прогноза.

 

фото/Depositphotos

Текстот Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top