Германски суд го поништи одземањето на дозволите за оружје поради поврзаност со АфД

Германски суд го поништи одземањето на дозволите за оружје поради поврзаност со АфД

пред 1 час

Највисокиот германски управен суд пресуди дека членството во поранешниот младински огранок на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) не може да биде единствена причина за одземање дозвола за оружје, пренесува „Ројтерс“.

Постапката ја покренале двајца мажи на кои германските власти во 2022 година им ги одзеле дозволите, откако баварската разузнавачка служба ги известила надлежните институции за нивната поврзаност со младинскиот огранок на партијата, кој од 2019 година бил под надзор поради сомневање за екстремистичко дејствување.

Судот ги потврди пресудите на пониските судови со кои претходно биле поништени одлуките за одземање на дозволите. Во образложението се наведува дека властите морале да докажат дека организацијата навистина дејствува против уставниот поредок, а не само дека постои сомневање за тоа.

Судот, исто така, утврди дека одлуката од 2023 година, со која младинскиот огранок беше прогласен за екстремистичка организација, не може ретроактивно да се применува на претходно донесените административни одлуки.

Младинскиот огранок „Млада алтернатива“, кој беше распуштен минатата година, ја отфрли таквата класификација и ја оспори пред суд.

Текстот Германски суд го поништи одземањето на дозволите за оружје поради поврзаност со АфД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top