Грција објави тендер за продажба на најголемото бродоградилиште во земјата

пред 4 месеци

Грција распиша тендер за продажба на најголемото бродоградилиште, „Хеленик шипјардс“, кое е под специјална управа, објави Министерството за финансии.

Конзервативната влада вети дека ќе ја преструктуира воената индустрија, која во моментов остварува загуби и истовремено ќе ги зајакне одбранбените способности на земјата во период на зголемени тензии со Турција, околу изворите на гас во источниот Медитеран.

Владата објави дека нејзините планови вклучуваат ремонт на воениот дел од „Хеленик шипјардс“, со седиште во Скарамагас, недалеку од Атина.

Министерството наведува дека интерес за бродоградилиштето во заедничко писмо со намери изразиле американската Меѓународна финансиска корпорација за развој и една грчка компанија.

Share

Watch Haikyuu!!: To the Top Episode 3 (https://animefreak.ws/m/W5wp/ep-3) at website https://animefreak.ws kiss x sis animefreak

Jujutsu Kaisen (TV) (https://funimationfree.com/m/YXDd) Episode 14 at Funimation funimation app down

Scroll to Top