Густ смог го прекри Пекинг

пред 3 години

Видливоста во делови од Пекинг денеска е помала од 200 метри, откако големо загадување го зафати кинескиот главен град, поради што некои автопати се затворени.

Пекинг вчера го издаде своето прво предупредување за големо загадување во есен и зима, барајќи прекин на некои градежни работи на отворено, фабрички работи и училишни активности, пренесува „Ројтерс“.

Видливоста е строго ограничена, а врвовите на највисоките згради во градот се невидливи од маглата. Индустрискиот регион Пекинг-Тианџин-Хебеи често се соочува со тежок смог во есен и зима, особено во деновите без ветар.

Сепак, студениот бран кој дојде од Сибир за време на викендот се очекува да го растера загадувањето.

Кина има за цел оваа зима да ја намали концентрацијата на опасните, мали честички во воздухот познати како ПМ2,5 за просечно 4,0 отсто годишно во големите градови, објави кинеското Министерство за животна средина минатиот месец. Нивото на ПМ2,5 во урбаните средини денеска достигна дури 234 микрограми на метар кубен, покажуваат податоците на американската амбасада во Пекинг, кои укажуваат на многу нездрав воздух.

Share
Scroll to Top