Дипломатски скандал во Холандија, руски дипломати протерани поради шпионажа на напредна технологија

пред 4 години

Хoландија нареди протерување на двајца руски дипломати осомничени за шпионирање на високотехнолошкиот сектор, објави државната разузнавачка агенција АИВД.

Еден од дипломатите, вработен во руската агенција за надворешно разузнавање СВР, шпионирал технологија и истражувања во научни области, соопшти АИВД.

„Руската разузнавачка агенција развила контакти со луѓе кои имаат пристап до чувствителни информации од високотехнолошкиот сектор“, се додава во соопштението, кое го пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Интересот на руското разузнавање беше да добие што е можно повеќе информации за вештачката интелигенција, полупроводниците и нанотехнологијата. Голем дел од овие технологии имаат и цивилна и воена употреба“, се појаснува во извештајот.

Во 2018 година, Холандија спречи обид на руски разузнавачи да ја хакираат Организацијата за забрана на хемиско оружје во Хаг.

Share
Scroll to Top