Во Хрватска 129 нови случаи на коронавирус, осум лица починаа

пред 3 години

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 129 нови случаи на коронавирус, осум лица починаа, а бројот на активни случаи е 4.342.

Меѓу нив, 874 пациенти се во болница, од кои 72 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска, вкупно заболеле 251.174 лица, од кои 5.685 починале, 241.147 оздравеле, од кои 583 во последниот 24 часа.

Во моментов има 17.840 лица во самоизолација.

Share
Scroll to Top