Европската унија на листата на санкции го додаде и богатиот Русин Мордашов

пред 3 години

ЕУ на својата листа на санкции го додаде и најбогатиот човек во Русија, Алексеј Мордашов.

Така, рускиот олигарх, најголемиот поединечен акционер и трет сопственик на најголемата туристичка компанија во светот TUI Group, која котира на Лондонската берза, станува огромен товар за компанијата, пренесува Гардијан.

Иако Мордашов не е санкциониран во ОК, неговите деловни интереси во регионот сега ќе бидат сериозно ограничени.

Најбогатиот човек во Русија, 56-годишниот Мордашов потекнува од работничко семејство, син на мелничари во градот Череповец, кој подоцна стана извршен директор на најголемата руска компанија за челик и рударство Северстал.

Share
Scroll to Top