Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси ja укина вонредната состојба, воведена во земјата пред четири години, по нападите врз коптските цркви.
„Благодарение на својот голем и лојален народ, Египет стана оаза на безбедноста и стабилноста во регионот. Затоа решив да не ја продолжувам вонредната состојба низ целата земја“, објави Сиси.
Вонредна состојба беше воведена низ цел Египет во април 2017 година, по крвавите напади врз коптските цркви, главното христијанско малцинство на Блискиот Исток во северните градови Танта и Александрија, за кои одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Оттогаш, вонредната состојба постојано се обновува без прекин.