Еден од најпознатите руски снајперисти загина во Украина, Путин ќе го одликува

Еден од најпознатите руски снајперисти загина во Украина, Путин ќе го одликува

пред 4 недели

Виталиј Шаповалов, еден од најпознатите руски снајперисти, бил убиен на бојното поле во Украина.

Украинските медиуми објавија дека 51-годишниот Шаповалов починал во градот Часив Јар во регионот Донецк. Не се дадени детали за околностите на неговата смрт.

Шаповалов имал чин виш гардиски офицер-полковник и наводно ќе биде погребан со сите воени почести. Рускиот претседател, Владимир Путин, постхумно ќе го одликува со титулата Херој на Русија, највисокото државно одликување.

Според извештајот на украинските медиуми, Шаповалов се сметал за легенда меѓу снајперистите во воените кругови и за личност која „одгледала неколку генерации снајперисти, од кои некои станале херои на Русија“.

Тој бил одликуван повеќе пати за храброст и учествувал во пет шестмесечни ротации за време на војните во Чеченија. Тој, исто така, дејствувал во Сирија две години како дел од руските сили.

Текстот Еден од најпознатите руски снајперисти загина во Украина, Путин ќе го одликува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top