Полицијата во Северна Калифорнија започна истрага за смртоносното пукање во саботата во домот на член на градскиот совет, во кое едно лице беше убиено, а три беа повредени, од кои двајца потешко.
Градската полиција соопшти дека пукањето се случило околу 00.55 часот за време на голема забава во градината на куќата на Ребека Армендариз, член на градскиот совет на Гилрој, на околу 130 километри јужно од Сан Франциско.
Полицијата соопшти дека еден осомничен убил маж во куќата и ранил уште три лица кои биле префрлени во локалната болница, објавија тамошните медиуми.
Името на убиениот или некој од повредените не се наведува, но се знае дека две од тројцата ранети се со повреди опасни по живот.