Берлин одобри 400 милиони евра итна помош за жртвите од поплавите

пред 3 години

Германската сојузна влада е подготвена да обезбеди уште поголема помош за регионите кои неодамна беа сериозно погодени од поплави, па така одобри 400 милиони евра итна помош за жртвите од природната катастрофа, објави АП.

Властите ветија дека наскоро ќе започнат со обнова на разурнатите области.

Владата очекува да потроши милијарди евра за реновирање, но сè уште не е познато колку точно средства ќе бидат инвестирани, додека не се процени големината на штетата.

Најмалку 171 лице загинаа во минатонеделните поплави, во најголемата природна катастрофа во Германија во повеќе од половина век.

Share
Scroll to Top