Навални штрајкува со глад, управата на затворот тврди дека ја добива потребната медицинска нега

пред 3 години

Рускиот блогер Алексеј Навални ја добива потребната медицинска нега во согласност со неговата здравствена состојба, објавено е од Казнено-поправниот дом во регионот Владимир.

„Затвореникот Навални ја доби потребната медицинска помош во согласност со неговата сегашна дијагноза“, се наведува во соопштението на управата на затворот, пренесува ТАСС.

Навални вчера најави штрајк со глад, жалејќи се на несоодветна медицинска нега во затворот.

Сепак, затворската администрација оцени дека Навални се третира во согласност со законот и дека тоа важи за сите затвореници.

„Затворските чувари строго следат дали нечии права се загрозени и се внимава да имаат осумчасовен сон. Во текот на денот, чуварите ги посетуваат, минуваат покрај ќелиите и тие мерки не го нарушуваат одморањето на другите затворениците“, се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top