Пропаднаа преговорите за измени на Изборниот закон во БиХ

пред 2 години

Преговорите за измени на Изборниот закон на Босна и Херцеговина, кои во последнaта рунда, четири дена се водеа во Делегацијата на ЕУ во Сараево, а под посредство на меѓународни преговарачи, завршија денеска без успех.

По неуспехот на преговорите, претседателот на ХДЗ, Драган Човиќ изјави дека пет од шесте партии кои учествувале го прифатиле моделот што решава сè.

„Вчера имавме завршена работа, потоа таа беше проблематизирана од СДА на начин што одеше со некои дополнувања од она што досега го поставивме како стандард“, рече Човиќ.

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, денеска оцени дека неуспехот на преговорите, кои се воделе меѓу бошњачките и хрватските партии, недвосмислено покажал каде е проблемот во БиХ, односно, како што рече, дека проблемот не се вика Република Српска или Додик.

„Само Жељко Комшиќ може да се радува на овој исход од преговорите, наивно верувајќи дека неговиот концепт за изборна измама има иднина“, изјави Додик запрашан за неуспехот на преговорите.

Share
Scroll to Top