Еден тон кокаин, наменет за Косово и Албанија, запленет во Италија

пред 3 години

Полицијата во италијанското пристаниште Џиоа Таура заплени еден тон кокаин што бил скриен во 2.100 контејнери со банани кои пристигнале од Еквадор.

Запленетиот кокаин бил со чист квалитет во вредност од околу 225 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Акцијата била спроведена во соработка со канцеларијата на регионалниот обвинител за борба против мафијата.

Претходно како што јавуваат тамошните медиуми, преку пристаништето поминале две пратки кокаин од Јужна Америка, наменети исто така за Косово и Албанија.

Share
Scroll to Top