Едуард Хегер именуван за нов премиер на Словачка

пред 4 години

Словачката претседателка Зузана Капутова денес го назначи Едуард Хегер за нов премиер, ставајќи крај на едномесечната криза.

Хегер ja презема должноста од претседателот на неговата партија, Игор Матович, а тој преминува на поранешната позиција на Хегер во Министерството за финансии.

Целта на замената на позициите е да се ублажат несогласувањата во коалицијата предизвикани од неочекуваното купување на руската вакцина „спутник В“ од страна на Матович.

Share
Scroll to Top