Емиратите ќе инвестираат дополнителни 40 милијарди евра во Германија

Емиратите ќе инвестираат дополнителни 40 милијарди евра во Германија

пред 1 недела

Обединетите Арапски Емирати ќе инвестираат дополнителни 40 милијарди евра во Германија за поддршка на индустријата и вработувањето, најави министерот за индустрија и напредна технологија на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер.

Новата инвестиција се надоврзува на веќе вложените 34 милијарди евра од Емиратите во Германија и треба дополнително да ги зајакне економските и стратешките односи меѓу двете земји.

„Германија со децении е наш важен стратешки и економски партнер, а планираната инвестиција од дополнителни 40 милијарди евра ја потврдува нашата намера да продолжиме да инвестираме во овој однос и во иднина“, изјави Ал Џабер.

Соработката се интензивираше откако германскиот канцелар Фридрих Мерц во февруари го посети регионот на Заливот. Берлин настојува да ги продлабочи односите во енергетиката и одбраната и да ја намали зависноста на германската економија од САД и Кина.

Според Ал Џабер, инвестицијата треба директно да ги поддржи германските индустриски капацитети, да ги зачува стручните работни места и да придонесе за енергетската безбедност и стабилноста на синџирите на снабдување.

Текстот Емиратите ќе инвестираат дополнителни 40 милијарди евра во Германија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top