Епидемија на колера ја погоди Етиопија

Епидемија на колера ја погоди Етиопија

пред 12 месеци

Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемија што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, јавува Би-Би-Си.

Во последните две недели, повеќе од 770 случаи на колера се потврдени во сомалискиот регион, кој беше најтешко погоден од неодамнешните поплави и невообичаено обилните дождови, соопшти хуманитарната организација Save the Children.

Поројните дождови погодија област каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што Save the Children предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони.

Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.

 

Текстот Епидемија на колера ја погоди Етиопија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top