Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Анкара не ги одобрува нападите врз Иран, но подеднакво не ги поддржува одмаздничките акции на Иран против земјите во регионот.
Според турски дипломатски извори, двајцата лидери разговарале за билатералните односи и регионалните и глобалните прашања, пишува „Анадолу“.
За време на разговорот, Ердоган предупреди дека нападите врз цивилни бродови во Црното Море ја поткопуваат регионалната стабилност. Тој нагласи дека конфликтот на Блискиот Исток не смее да се претвори во нова точка на ескалација во кризата меѓу Русија и Украина.
Турскиот претседател, исто така, нагласи дека агресивните политики на израелската влада под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху мора да се спречат. Тој рече дека не треба да се дозволат потези што го поткопуваат статусот на Ерусалим.
фото/ЕПА
Текстот Ердоган до Путин: Не ги одобруваме иранските напади е превземен од МАКФАКС.




