Ереван: Информациите за нападите од Ерменија врз Азербејџан се дезинформации

пред 4 месеци

Извештаите во последните неколку часа за напади од територијата на Ерменија врз населбите во Азербејџан се дезинформации, објави ерменското Министерство за надворешни работи на својот официјален канал Телеграм, пренесува ТАСС.

„ Извештаите во последните неколку часа за напади од територијата на Ерменија врз населени места длабоко на територијата на Азербејџан се дезинформација“, се вели во соопштението.

Ерменското МНР смета дека со ширење на такви информации, Азербејџан подготвува основи за проширување на географијата на војната. Според министерството, целта на кампањата со дезинформации е да се сокријат масовните гранатирања од страна на Азербејџан врз големите населби во Нагорно-Карабах од првите денови на војната, како резултат на што беа забележани бројни цивилни жртви и сериозни штети на цивилната инфраструктура.

„ Секоја провокација од азербејџанската страна ќе добие сразмерен одговор од Ерменија“, соопшти Министерството за надворешни работи.

На 27 септември Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдеше дека вооружените сили на Азербејџан почнале офанзива во правец на Нагорно-Карабах гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт.

Двете страни пријавија жртви и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата територијата.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Во периодот 1992-1994 година тензиите зовреа и ескалираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии кога Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година под закрила на групата од Минск на ОБСЕ, предводена од нејзините тројца копретседатели – Русија, Франција и САД.

Share

Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 2 (https://kissanimeonline.com/m/Ogg1/ep-2) at website https://kissanimeonline.com kissanime one piece

Watch Bleach (Dub) Episode 292 at website https://animefreak.ws animefreak chatango

Scroll to Top