Ерменија гранатира уште две области покрај Нагорно-Карабах

пред 1 месец

Азербејџанското Министерство за одбрана денес објави дека Ерменија ги гранатирала областите Татар и Агдам долж Нагорно-Карабах.

Министерството претходно објави дека борбите околу Нагорно-Карабах продолжиле претходниот ден и во текот на ноќта во три насоки на зоната на конфликтот.

Ерменија и Азербејџан во саботата го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.

Обновените судири околу Нагорно Карабах избувнаа на 27-ми септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.

Share
Scroll to Top