Советот на Европската унија ги продолжи санкциите за Русија за една година, што, меѓу другото, влијае на руските граѓани и организации поради „учество во компјутерски криминал“.
„ Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на режимот на рестриктивни мерки поради сајбер напади што им се закануваат на блокот и на нејзините земји-членки за една година – до 18 мај 2022 година“, се наведува во соопштението.
За да биде одобрен списокот со санкции, потребна е едногласна поддршка од 27 земји на ЕУ. Во моментов, во рамките на режимот на санкции, беа применети ограничувачки мерки против осум лица и четири организации.
Претходно, службата за надворешна политика на ЕУ предложи сегашниот режим на санкции на ЕУ да се зајакне со нови рестриктивни мерки поради сајбер напади.
Исто така се предлага да се воведат вакви санкции со просто мнозинство со цел да се забрза процесот. Европската унија воведе санкции во режимот на компјутерски криминал за прв пат на 30 јули 2020 година, а на списокот се најдоа граѓани и организации од Русија, Кина и Северна Кореја.