Европската унија нема да прави нови нарачки за вакцини од „Астразенека“ по јуни кога истекува договорот, изјави европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, еден ден откако ЕУ потпиша нов договор со „Фајзер“ и „Бионтек“.
Бретон, исто така, рече дека очекува цената на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ да биде поголема отколку во претходната фаза.
Европската комисија (ЕК) поднесе тужба против „Астразенека“ во април за непочитување на договорот за снабдување со вакцини против Ковид-19 и немање сигурен план за да се обезбеди навремена достава на вакцината.
„Нема да го обновиме договорот по јуни. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Бретон за Радио Франс Интер, но не исклучи потенцијален нов договор во иднина.