Унгарија продолжува да се спротивставува на идејата ЕУ да го забрани увозот на руски гас и нафта, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Позицијата на Унгарија за какво било ембарго за увоз на гас и нафта не е променета. Ние не ја поддржуваме идејата“, изјави Ковач за Ројтерс.
Европската Унија треба да објави забрана за увоз на руска нафта како дел од новиот пакет санкции, за кој се разговара оваа недела.
Неколку дипломати рекоа дека забраната за увоз на нафта стана остварлива опција по пресвртот на Германија, која претходно изјави дека таквата мерка ќе и’ нанесе премногу штета на германската економија. Сепак, одлуката за забрана за увоз на руска нафта на ниво на ЕУ не може да се донесе без согласност на сите земји-членки на ЕУ.