Украинците ќе преименуваат железничка линија во „Стефаниа експрес“, по победничката песна на Евровизија отпеана од Калуш Оркестра.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Шефот на железничката служба на Украина најави дека возот број 43 што сообраќа од Киев до Ивано-Франковск ќе се преименува во „Стефанија експрес“, а секогаш кога возот ќе застане на железничките станици во Киев и Ивано-Франковск, во позадина ќе биде пуштена победничката песна „Стефаниа“.
Украинскиот бенд Калуш Оркестар триумфираше во Италија во саботата со песната „Стефанија“, која е спој на рап и традиционална народна музика и е посветена на мајката на фронтменот на бендот, Олех Псиук. Но како што тие информриаа, откако започнала војната во Украина, смислата на песната добила поинаков правец, односно ја посветуваат на Укарина како мајка земја.
Бендот објави и нов спот за победничката песна, во кој Украинки спасуваат деца од гранатирани и уништени градови.