Италијанската полиција пронашла тело на жена која била почината две и пол години во градот Престин, кој се наоѓа во јужниот дел на езерото Комо.
Полицајците ја нашле жената во нејзината куќа почината како седи на стол во кујната. Властите велат дека нејзиното тело веќе поминало низ процес на „мумификација“ бидејќи таа починала толку одамна.
Маринела Берета (70) ја продала својата куќа со градина, но го задржала закупот доживотно. Новиот сопственик, Швајцарец, очигледно не доаѓал често, па не ни знаел дека Берета е во лоша здравствена состојба, пишуваат медиумите.
Полицијата го пронашла телото на жената по пријава на соседот. Имено, тие мислеле дека Берета одамна се иселила, а бидејќи областа ја зафатило силно невреме и биле соборени некои дрвја на имотот, стапиле во контакт со новиот сопственик. Швајцарецот потоа повикал локална полиција која го пронашла нејзиното тело во кујната.
Полицијата претпоставува дека 70-годишната жена починала од природна смрт.