Жеан од Полска на возраст од 38 години пред повеќе од еден месец, ноќта меѓу 10 и 11 октомври, поставила бомба во центарот на Варшава, по што се качила во воз и заминала дома.
Импровизирана експлозивна направа можела сериозно да го загрози здравјето и животот на многумина, соопшти полицијата.
Полициските власти ја следеле преку надзорните камери и откриле дека откако ја поставила бомбата, се качила на главната железничка станица во Варшава и отишла во Вроцлав. Таа на крајот беше уапсена во нејзиниот дом во блискиот град, каде што беа пронајдени предмети што ја наведоа полицијата да заклучи дека жената има симпатии за исламистичкиот екстремизам.
Меѓу другото, пронајдена е и фотографија на Осама бин Ладен.
Текстот Жена од Полска поставила бомба во Варшава, полицијата во нејзиниот дом пронајде фотографија од Бин Ладен е превземен од МАКФАКС.