Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД

пред 6 часа

Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во овој формат за да ги разгледаат за условите за завршување на четиригодишната војна во Украина, бидејќи Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата останува главна пречка за постигнување договор во овие разговори, кои треба да продолжат денеска.

Ова се првите директни разговори меѓу Москва и Киев за американскиот план за завршување на војната, која однесе десетици илјади животи од 2022 година.

Текстот Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top