Захариева заразена со Ковид-19

пред 4 години

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, објави дека добила позитивен резутат на ПЦР тест за Ковид-19.

„Таа е во добра општа состојба и ќе ги извршува своите должности од далечина“, соопшти бугарското МНР.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, за време на изолацијата, таа ќе биде заменета со заменик-министерот Петко Дојков.

Share
Scroll to Top