Медведев: Ќе се браниме од притисокот на САД врз Арктикот

пред 4 години

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе ги брани своите позиции на Арктикот.

Тој рече дека Русија ќе се брани и покрај фактот дека членките на НАТО, пред сè САД, сакаат да ја наметнат својата волја.

„Општо е познато дека одредени земји, пред сè НАТО, вклучително и САД, постојано се обидуваат да ги ограничат нашите активности на Арктикот и користат различни методи за да нè спречат. Понекогаш тие градат привремена воена база во близина на нашата граница или се закануваат со санкции”, рече Медведев, пренесува ТАСС.

Според Медведев, ваквите мерки на САД се директна закана за безбедноста на Русија.

„И покрај постојаните обиди на одредени земји да ја дестабилизираат ситуацијата на Арктикот, Русија ќе ги брани своите позиции“, нагласи Медведев.

Share
Scroll to Top