Раководството на Украина ја пропушти шансата да ја задржи земјата во своите граници. Ова на брифинг го изјави официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесува руската агенција Интерфакс.
– Ја покануваме администрацијата на Зеленски, не знам како да ја наречам, оваа група пријатели, да размисли за судбината на земјата, луѓето, животот на населението, да донесе заклучоци, да донесе соодветни одлуки. Тие веќе ја пропуштија главната шанса за постоење на Украина во нејзините граници, суверена Украина, независна Украина“, изјави претставник на руското Министерство за надворешни работи.
Според неа, таа „шанса“ ја добиле во 2014 и 2015 година.
– Сите платформи беа искористени за да се објасни дека едноставно нема друга опција за државата Украина освен преземање соодветни чекори во рамките на Акцискиот план од Минск. Во спротивно, државата ќе се распадне, како што гледаме сега, пред очите на целиот свет, рече Захарова.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Василиј Небензја изјави дека Русија одлучила за специјална операција во Украина, дури откако ги исцрпила сите мирни и дипломатски начини за решавање на конфликтот во Донбас. Дополнително, според него, за тоа придонесоа и повторените потврди на украинските власти дека нема да ги спроведат договорите од Минск одобрени со резолуцијата на Советот за безбедност, како и фактот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не само што ги потврдил плановите на земјата да влезе во НАТО, но и се закани дека ќе го напушти статусот на Украина без нуклеарно оружје.
Претходно, портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека не гледа причина зошто договорите од Минск нема да дадат „уште една шанса“.