Зеленски: Десетици илјади луѓе беа убиени во Мариупол

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да се обраќа пред парламентите ширум светот, а денеска на ред дојде јужнокорејскиот парламент.

Обраќајќи им се на Јужнокорејците, Зеленски рече дека од почетокот на руската инвазија на Украина, во таа земја се уништени 938 образовни институции и речиси 300 болници.

Тој додаде дека руските сили намерно уништуваат станбени населби и градови со тенкови и артилерија.

– Од некогаш нормалните мирни градови имаме само урнатини. Не можеме ни да ги изброиме мртвите – рече Зеленски.

Украинскиот лидер рече дека амбулантите и пожарникарите на северот на земјата продолжуваат да ги расчистуваат урнатините останати по руското бомбардирање, додавајќи дека дел од регионот останува активно поле.

Тој додаде дека руските окупатори испратиле илјадници војници и голем број воена опрема во Украина и изјави дека Русите подготвуваат нови напади.

Зборувајќи за тешката состојба во разурнатиот Мариупол, Зеленски рече дека градот е опколен од 1 март.

– Колоните со храна не можат да влезат во градот. Се обидоа да го уништат на најсуров начин. Се обидоа да уништат се што има тој град. Мариупол беше уништен. Десетици илјади жители загинаа, но Русите се уште не ги запираат нападите – изјави украинскиот претседател.

Share
Scroll to Top