Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во своето синоќешно видеообраќање изјави дека подигнувањето на украинското знаме на Змискиот Остров е знак дека неговата земја не е скршена.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Секој руски капетан, на брод или авион, нека го види украинското знаме на Змискиот Остров и нека знае дека нашата земја нема да биде скршена“, рече Зеленски.
Украинската армија вчера објави фотографија како војници поставуваат знаме на Змискиот Остров во Црно Море. По објавувањето, руското Министерство за одбрана соопшти дека го ракетирале Змискиот Остров и ги елиминирале украинските војници.