Зеленски: Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за Украина

Зеленски: Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за Украина

пред 5 часа

Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски.

„Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева.

-Работата продолжува за постигнување на главната цел што ја очекува нашиот народ: да се стави крај на крвопролевањето и војната, додаде тој.

Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските власти не изразиле никаква благодарност за напорите на САД по ова прашање, а Европа продолжува да купува нафта од Русија.

Текстот Зеленски: Мировниот план на САД може да вклучува елементи од клучно значење за Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top