Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше Кирило Буданов, директор на украинската воена разузнавачка служба, за нов шеф на Кабинетот на претседателот.
„На Украина во овој момент ѝ е потребен посилен фокус на безбедносните прашања, развојот на Одбранбените и безбедносните сили на Украина, како и на дипломатскиот колосек во преговорите, а Кабинетот на претседателот пред сè ќе служи за исполнување на тие задачи“, изјави Зеленски.
Овој потег следува по големата кадровска промена на крајот на ноември, кога беше разрешен Андриј Јермак, долгогодишен шеф на Кабинетот на претседателот и еден од најблиските соработници на Зеленски. Разрешувањето се случи во период кога Украина беше погодена од најголемиот корупциски скандал од почетокот на руската инвазија.
Кирило Буданов, 39-годишен генерал-полковник, ја води Главната разузнавачка управа (ГУР) од 2020 година. Под негово раководство, ГУР се разви во една од клучните и најефикасните институции на украинскиот безбедносен апарат.
Буданов во меѓувреме стана едно од најпрепознатливите имиња во Украина, а службата што ја води ужива репутација на една од најкомпетентните државни институции.
Фото: Depositphotos
Текстот Зеленски одлучи: Шефот на разузнавањето ќе го замени вториот најмоќен човек во Украина е превземен од МАКФАКС.






