Земјотресот во Драч почувствуван и во западниот дел на земјава

пред 7 месеци

Земјотресот во морето во близина на Албанија е почувствуван и во земјава. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ, на 8 октомври 2020 година, во 00 часот и 13 минути, регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува 4.6 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, од населението во Гостивар, Тетово и околината со интензитет од II-III степени, според Европската макросеизмичка скала.

Share

4Anime 4anime in english: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 238 (https://4anime.biz/m/Dvv/ep-238)

ANIMEFLIX animeflix sword art online: Attack on Titan Episode 25

Scroll to Top