Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија

пред 2 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран 35 минути по полноќ во јужниот дел на Албанија.

Епицентарот на потресот бил на шест километри северо-западно од познатото приморско гратче Химара, на длабочина од пет километри и е почувствуван и во соседните градови.

Освен вознемиреност кај жителите и туристите, нема информации за предизвикана материјална штета.

Текстот Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top