Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

пред 3 години

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм.

Како што пренесе ТАС С, повикувајќи се на неименуван здравствен извор, станува збор за пет жени и еден млад човек на возраст од 20 години.

Според рускиот истражен комитет, шест лица загинаа, а 28 се повредени во пукање на Универзитетот во Перм во западен Сибир.

Напаѓачот на универзитетот, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди дека тоа било негов сон за масовно убиство. 18-годишникот – студент во прва година, бил на универзитетот десет дена и студирал форензичка наука.

Според извор на „Раша тудеј“, копчето за аларм на универзитетот не се вклучило бидејќи чуварот бил еден од првите убиени.

Share
Scroll to Top